Дувњак скршен и очаен по поразот: Не би сакал да изговорам тешки зборови..

Со денешниот пораз од Исланд, Хрватска ги загуби шансите за пласман во полуфинале и евентуалната битка за медал, но со тоа, Хрватите можат да останат и без пласман во квалификациите за Олимписките игри.

Очигледно најтешко овој пораз му падна на капитенот на „коцкестите“ Домагој Дувњак, кој по мечот беше буквално психички дотолчен.

– Ова е претежок пораз, првото полувреме беше солидно, второто не беше добро, не сакам ни да изговарам тешки зборови. Голманите беа фантастични цел турнир, а ние тоа не го искористивме. Игравме прешироко во одбрана и без фаули. Ова воопшто не беше добро.

– Селекторот бараше постојано решенија во вториот дел, но никој од нас не знаеше да се снајде. Голманот на Исланд одлично бранеше, а ние примавме доста лесни голови. Одиме сега да се наспиеме колку што можеме, ако воопшто можеме, порача Дувњак.

Со оглед на тоа дека Хрватска беше еден од топ5 фаворитите за медал на ова ЕП во Германија, ова за нив е тотален ракометен крах.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО