Звонко Шундовски се врати во Е. Пелистер – доби нова улога

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер продолжува со реорганизација, како во играчкиот, така и во организацискиот дел на клубот.

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека со почетокот на 2024 година улогата на извршен директор во клубот ќе ја извршува нашиот прославен спортски работник, Звонко Шундовски.

Во својата кариера Шундовски во повеќе етапи бил дел од успесите на нашиот клуб, и како ракометар, и како тренер, а минатата сезона и како стручен тим менаџер.

Неговото искуство ќе биде од голем значај и во новата улога, во која ќе биде спој меѓу клупските структури, стручниот штаб и ракометарите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО