Дончиќ го повтори ефектот на Данкан

Кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, стана првиот играч по Тим Данкан во 1990 година, што имал дабл-дабл ефект, со најмалку постигнати 30 кошеви и 10 скока во финалето на НБА лигата.

Словенецот на првиот меч од големото НБА финале, против Бостон селтикс, даде 30 коша, плус 10 скока. Сепак, тоа не беше доволно да се избегне поразот од 89:107. Вториот меч од финалната серија повторно ќе се игра во Бостон, на 10 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО