Додека Партизан го растураше ФМП вечерва, Ледеј на Инста објави трагична вест од семејството

Кошаркарот на Партизан, Зек Ледеј, објави дека неговиот татко починал.

Ледеј отпатува од Барселона кон Америка, затоа што вестите за трагедијата во семејството дошле неочекувано, бидејки состојбата со здравјето на таткото на Ледеј рапидно се влошила и тој ја загубил најважната битка.

Два дена подоцна, во време додека траеше мечот против ФМП пред само еден час, Ледеј на Инстаграм објави зошто всушност не е во тимот и дека неговиот татко повеќе не е меѓу живите.

Партизан вечерва го победи ФМП со резултат 88:57, а на оваа средба не настапија Ледеј и Пантер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО