Димитриевски ќе потпише за Валенсија

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Столе Димитриевски, летово ќе си замине од Рајо Валјекано и ќе потпише договор со Валенсија, објави познатиот новинар, Фабрицио Романо.

Според најавите, македонскиот голман ќе остане во Ла лига до 2028 година. Димитриевски (30) кариерата ја почна во скопски Работнички, а потоа мина во Шпанија, и го облече дресот на Гранада.

Една сезона тој беше на заем во Кадиз, а во 2019-та мина во Гимнастик. Во Рајо Валјекано е од 2018 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО