Куп на Македонија, финале: Тиквеш и Воска со иста желба, да се освои пехарот

Фудбалерите на Тиквеш и на Воска спорт утре ќе го играат финалето во Купот на Македонија. Мечот на арената „Тоше Проески“ во Скопје (19 часот) ќе биде историски за двата тима бидејќи за прв пат се во можност да играат за победничкиот пехар.

– Тиквеш има голема традиција, но за првпат стигнува до финалето. Ние сме млад тим и веднаш изборивме историско финале. Тиквеш игра многу добро, но ние сакаме да го освоиме пехарот, беа зборовите на тренерот на Воска, Срѓан Захариевски.

Идентични се и желбите и на фудбалерите на Тиквеш.

– Нема да бидеме скромни, одиме на победа, без разлика дали ќе биде по 90, по 120 минути игра, или на  пенали. Воска е противник кој заслужува почит. Се надевам дека ќе одиграме добро финале и ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на крајот, рече тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО