Дибиров: Имав понуда да заиграм за Македонија, а во Скопје живеев како во Холивуд

Тимур Дибиров даде интервју за хрватска Индекс.хр во кое зборуваше на многу теми, а отрки дека имал понуда да заигра за Македонија.

-Да, тоа не е тајна. Разговарав со водечките луѓе на македонскиот ракомет. Сакаа да и помогнам на нивната репрезентација. Им кажав исто како и сега – Скопје и Македонија се мојот втор дом и среќна сум секогаш кога можам да им помогнам, но во животот има само една мајка.

Им благодарам за таа понуда, разбирам дека сакаа да ме имаат во тимот, но ја сакам мојата татковина и посебно е чувството да играм за мојата земја. Барем јас така мислам, јас сум голем патриот.

-И претходно кажав, сакав да ја завршам кариерата во Вардар. Тоа би бил одличен финиш на кариерата. Сакав да излезам пред полната сала и да ги поздравам навивачите последен пат. Но, тоа е животот, тоа е спортот. Се испостави дека дојдов во многу добар клуб, во кој многу брзо се заљубив.

Како останав толку долго во Вардар? Скопје ми стана втор дом. Кога сите заминаа, јас не сакав. Имав чувство дека сум дете на клубот, иако не бев. Луѓето на улица ми дадоа таква енергија, а како спортист тоа ми треба во животот. Во тоа време не размислував да заминам, но еве…

Еден мој пријател го праша мојот поранешен тренер од Вардар, Раул Гонзалес како е во Скопје, а тој одговори со еден збор: „Холивуд“. И навистина беше така. Тоа беше Холивуд по сите сметки. Се чувствувавме како да сме фудбалски или НБА ѕвезди. Феноменална енергија, огромна љубов на целата земја кон клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО