Лудница во фан шопот на Хајдук Сплит – причина е Иван Перишиќ!

Иван Перишиќ денеска потпиша за Хајдук, а навивачите од Сплит се максимално среќни со доаѓањето на овој игра.

Тој доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, по што треба да потпише едногодишен договор со клубот од „Пољуд“.

Навивачите на Хајдук Сплит се воодушевени од неговото доаѓање и веднаш повеќето од нив побрзаа кон фан шопот на клубот со цел да го купат новиот дрес на Иван Перишиќ.

Цената на дресот е 80 евра, а првите информации се дека има голем број продадени дресови веќе првиот дел, а доколку трендовите одат во ист правец, до крајот на сезоната може да го сруши рекордот за најпродаван дрес.

Хајдук минатата сезона заработи 2 милиони евра од дресови на играчите, а со Перишиќ се очекува идната сезона тоа да биде дуплирано.

Досегашниот рекорд на дресови го држи Марко Ливаја со продадени скоро 29.000 дресови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО