Големи награди за играчите на Реал Мадрид за триумф во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе добијат значителен бонус доколку ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ) на почетокот на следниот месец, јасно ако ја минат полуфиналната пречка наречена Баерн Минхен.

Во саботата Реал Мадрид стана шампион на Ла лига, по 36-ти пат, а вечерва игра против Баерн Минхен (првиот натпревар заврши 2:2). Според шпанскиот весник „Марка“, во сезоната 2021/22 играчите и персоналот добиле околу 450.000 евра нето бонуси за освојување на шпанскиот Суперкуп, Ла лига и ЛШ.

Доколку тимот на Карло Анчелоти стигне до финалето и го освои рекордниот 15-ти трофеј во ова натпреварување, играчите на Реал Мадрид најверојатно ќе добијат голем бонус што би изнесувал 900.000 евра за секој играч!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО