Чаби Алонсо: Потребно е уште малку за нешто големо и историско

Чаби Алонсо и неговиот Баер Леверкузен веќе испишаа историја во Бундеслигата, откако ја освоија првата историска титула, а сега имаат можност за нешто поголемо.

Тие сезонава се се уште без пораз и се на чекор од еден нестварен потег, нешто кое не им успеално на големите екипи во Европа ниту еднаш, па името на бундеслигашката екипа може да остане запишано со златни букви.

Тимот на Чаби Алонсо во среда во Даблин игра против Аталанта во финалето од Лигата на Европа, а три дека го чека и финале од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.

Звучи неверојатно, но доколку не бидат поразени и освојат тројна круна, тие ќе бидат единствената фудбалска екипа во историјата која не загубија на трите фронта и притоа освоила титула.

– Целта беше да се квалификуваме за ЛШ. Целта ми беше да играме добро, после неколку кола во Бундеслигата, чувствував дека ќе имаме добра сезона и тоа ни се оствари. Ова што го направивме досега е одлично, уште малку недостасува за нешто историско, порача Чаби Алонсо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО