Нагелсман го повика на ЕП со Германија, а тој тврди: Веќе го испланирав одморот

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулиан Нагелсман, го објави списокот на играчи со кои ќе настапуваат на Европското првенство, а меѓу нив е и екс голманот на Баерн, Александер Нубел, кој имаше доста добра сезона со Штутгарт.

Нубел се разбира не е прва опција за репрезентативнито дрес на голот, но секако е тука за да пополни „дупка“. Сепак, се чини дека тој не очекувал повик од селекторот, па тоа јавно го призна.

– Јас веќе го испланирав одморот, но со големо задоволство ќе морам да го откажам. Сакав да одам за Танзанија, на сафари, но тоа ќе дојде следната година, а не оваа, порача Нубел кој изгледа пресреќен од репрезентативниот повик.

Нубел се обиде да се избори за „единицата“ во Минхен, по доаѓањето од Шалке, но не успеа во тоа, поради што мораше прво на позајмица во Монако, а потоа и во Штутгарт.

27 годишниот голман и понатаму е под договор со Баерн Минхен. Нагелсман со Нубел на ЕП ќе ги има уште искусниот Мануел Нојер и Марк Андре Тер Штеген.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО