Пеп и Сити некомплетни на последните два меча во кои ќе се борат за две титули

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, поради повреда ќе го пропушти последниот дел од сезоната, односно последните два натпревари, соопшти англискиот клуб.

Бразилскиот голман при сударот со Кристијан Ромеро на мечот против Тотенхем пред два дена, заработи повреда поради која мораше да бидеме заменет во завршните 20 минути од натпреварот.

Тој реагираше негативно при излегувањето, сметајки дека може да одработи на ниво до самиот крај, но Пеп по наговор од лекарот, мораше да направи замена на голманската позиција.

– Клубот може да потврди дека Едерсон ќе ги пропушти последните два меча сезонава, поради мал проблем во реонот на окото, стои во соопштението на Манчестер Сити.

Екипата на Пеп до крајот има уште два меча, еден, финален во Премиерлигата против Вест Хем на домашен терен, каде можат да ја потврдат титулата, додека другиот се игра во финалето од ФА Купот, каде ќе се судрат против Манчестер Јунајтед.

Мечот се игра на Вембли 25 мај, а на голот на Сити замената за Едерсон ќе биде Ортега.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО