Бург ја освои титулата во кошаркарскиот Еврокуп

Кошаркарите на Бург ја освоија титулата во кошарларскиот Еврокуп.
Францускиот тим во два натпревари го доби Бешикташ.
Минатата недела победија во Истанбул со 72:60, а пред своите навивачи, вечерва, во неверојатна завршница, славеа со 73:71.
Со триумфот во Еврокупот обезбеди пласман во Евролигата, но прашање е дали клубот ќе реши да игра во елитата поради финансиите.

Бург го предводеа Кокила со 18, Мокока со 17, Мичел и Мекдауел Вајт со по девет поени. Кај Бешикташ, Метјуз постигна 18, Жижиќ 14, Лемар 13, Ентони Браун 10 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО