Брисел не сака да биде домаќин на натпреварот Белгија – Израел?

Организирањето на фудбалскиот натпревар во рамките на Лигата на нации (ЛН) меѓу Белгија и Израел, на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел на 6 септември годинава, е невозможно поради несигурност и веројатни протести, соопшти денеска управата на белгискиот главен град.

– По внимателна и длабинска анализа, моравме да заклучиме дека најавата за ваков натпревар во нашиот главен град во овие особено тешки времиња несомнено ќе доведе до големи демонстрации и контрадемонстрации, загрозувајќи ја безбедноста на гледачите, играчите, жителите на Брисел и на нашите полициски сили, се наведува во соопштението.

Војната во Газа предизвика глобални демонстрации, вклучително и во Белгија каде што пропалестинските активисти организираа демонстрации и протести на универзитетите. Тоа доведе до делумно или целосно прекинување на врските на некои белгиски универзитети со израелските институции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО