Лајпциг ја продолжува соработката со Марко Розе

Лајпциг најави продолжување на договорот со главниот тренер Марко Розe, до 2026 година, објави клупската прес-служба.

Германецот Розe (47), кој е роден во Лајпциг, професионалната тренерска кариера ја почна во 2010 година, во улога на помошник главен тренер во Мајнц. Тој е на кормилото на Лајпциг од 2022 година, а претходно ги предводеше Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Салцбург.

Минатата, 2023/2024 сезона Лајпциг ја заврши на четвртото место во германската Бундес лига и си обезбеди играње во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО