Бразилецот Фонсека втор најмлад четвртфиналист на АТП 500 турнир

Бразилецот Жоао Фонсека, на 17-годишна возраст стигна до четвртфиналето на АТП 500 турнирот во Рио.

Младиот тенисер го победи Кристијан Гарин од Чиле со 6:4, 6:4 и успеа да влезе во тениската историја. Тој е вториот 17-годишник кој стигнал до четвртфинале на АТП 500 турнир. Прв беше Александар Зверев, во Хамбург 2014 година.

-Мојот сон станува реалност, но сè уште не сум сфатил што сум постигнал. Сакам да продолжам. Многу сум среќен поради победите, но сакам повеќе. Во текот на минатата година се подобрив не само технички, туку и од ментална и од физичка гледна точка, изјавил младиот Бразилец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО