„Бомба“ од Шпанија: Рики Рубио ќе игра за Барселона

Рики Рубио (33) потпиша за Барселона до крајот на сезоната, пренесува шпанска „Марка“. Трансферот наскоро треба и официјално да биде потврден.

Откако минатото лето ја шокираше јавноста кога најави дека се повлекува од кошарката поради психички проблеми и по отсуството од терените речиси една година, Рубио најверојатно кариерата ќе ја заврши таму каде што ја почна, во Шпанија.

Тој на почетокот од јануари најави заминување од НБА лигата, но неодамна почна да тренира со каталонскиот тим, кој заклучи дека ќе им биде од помош.

„Марка“ пишува дека клубот нема да врши притисок врз Рубио, туку ќе остави на него да одлучи кога ќе биде подготвен да се врати на теренот.

– Клубот нема да избрзува. Рики ќе одлучи кога ќе се врати, а според клупски извори тој ќе нема обврска да игра. Двете страни ќе можат да го раскинат договорот доколку ситуацијата не им одговара, пишуваат Шпанците.

По 12 години минати во најсилната кошаркарска лига на светот, се верува дека МВП на СП 2019 би можел да биде големо засилување за тимот на Роџер Гримау, кој своевремено играше со Рубио.

– Изгледа како да не е толку долго отсутен. Тој добро се чувствува, генијалец е, му се врати насмевката и желбата да игра. Менталните проблеми кои го оддалечија од кошаркатасе зад него, изјави тренерот на Барселона.

Рубио минатото лето изјави дека психички не се чувствува добро и оти еден ден би сакал да зборува на оваа тема, додавајќи дека сега му треба само мир и одмор од професионалниот спорт.

Во САД настапуваше за Јута, Феникс и Кливленд, а најголема трага остави во Минесота

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО