Ѓоковиќ и Надал ќе играат на егзибициски турнир во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија во октомври ќе биде домаќин на нова елитен тениски егзибициски настан на кој ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и уште тројца грен-слем победници. Покрај Ѓоковиќ и Надал, се очекува да настапат Карлос Алкараз, Данил Медведев, Јаник Синер и Холгер Руне.

Настанот „Шест слем кралеви“ ќе биде дел од саудискиот културен и забавен фестивал „Сезона во Ријад“ и треба да се одржи во екот на АТП сезоната, која веќе има детален распоред за октомври.

Егзибициските настани обично се одржуваат за време на паузите во сезоната или откако таа ќе заврши, но во октомври играчите треба да настапат н турнирите Мастерс 1000 во Шангај и во Париз.

Шпанецот Надал, кој минатиот месец се пријави како амбасадор на тениската федерација на Саудиска Арабија, рече дека со нетрпение го очекува настанот.

Саудиска Арабија веќе е домаќин на завршниот турнир „Следната генерација за играчи до 21 година“ во Џеда, а се разгледуваше и опцијата за одржување на завршниот женски ВТА турнир.

Неодамна тениските великани Крис Еверт и Мартина Навратилова се изјаснија дека се против таму да се одржи женски турнир на крајот од сезоната.

Критичарите ја обвинуваат Саудиска Арабија дека го користи нафтеното богатство за да инвестира во спортот во обид да го подобри својот имиџ, познато како „спортско перење пари“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО