Потресни сцени на судењето на Алвеш: Жртвата сведочела повеќе од еден час

Вчера пред судот во Барселона почна судењето на Дани Алвеш поради обвинение за силување на млада девојка, за што бразилскиот фудбалер веќе една година е во притвор.

На клупата за сведоци застана и жртвата чиј идентитет не и е познат на јавноста, поради што многуте новинари, и покрај тоа што судењето е отворено за јавноста, мораа да ја напуштат судницата. Нејзиното сведочење траело приближно 1,15 часа, пишува „Марка“.

По жртвата, на говорницата како сведок се појави и нејзината пријателка.

-Тројцата танцувавме во „нормалниот“ дел од ноќниот клуб, а пред нас беше ВИП просторот. Двајца-тројца Мексиканци слегоа и не’ прашаа дали сакаме да одиме со нив во ВИП зоната. Ги следевме и останавме кратко, изјави пријателката на жртвата.

-Тој човек стоеше таму (Алвеш). Имаше лигав став, ми ја стави раката на грб и речиси ме допре до задникот. Потоа отидов на другата страна на масата, практично сама, а другарката ми рече дека ја допрел за меѓуножјето.

Таа потоа „пукна“ и со солзи во очите продолжи да опишува што се случило кобната ноќ…

– Ми се јави роднина на жртвата и рече дека мораме да одиме. Ја познавам од тригодишна возраст и никогаш не сум ја видела така да плаче. Плачевме трите, не знаев како да реагирам во тој момент. И кажавме дека мора да пријави, а таа рече дека нема да и верувааат. Сакаше да си оди дома, изјави сведокот.

Таа го уверуваше Судот дека односот на нејзината пријателка со Алвеш воопшто не била консензуален.

-Не сакаше, никако, не, не. Сега е многу лошо, многу ослабе, нервозна е. Го намалила кругот на пријатели бидејќи никому не верува. Мисли дека некој постојано ја гледа.

На прашањето што и кажала жртвата дека се случило во тоалетот, таа одговори:

– Ја подигнал и ја фрлил на под, и и’ рекол нешто како „ти си мојата мала кучка“.

Потоа следувале прашањата за одбраната. Адвокатот на Дани Алвеш го прашал првиот сведок за тоа дали ја видел жртвата како го трие задникот по интимните делови од телото на Алвеш. Таа одговорила дека не се сеќава.

– Отидов да разговарам со мојата братучетка и таа ми кажа дека Алвеш инсистирал да одат некаде. Таа не сакаше. Таа му рече„за пет минути“ и на крајот мислам дека Дани се упати кон собата. Во ниту еден момент не можев да видам што има внатре.

Судењето продолжува со сведочењето на вратарот на ноќниот клуб и на двајца келнери.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО