Блесок на Македонија: Избраниците на Кире Лазаров со голема победа над Швајцарија

Македонската ракометна селекција запиша победа во третото коло од групната фаза на ЕП откако славевме над Швајцарија со 29-27.

Избраниците на Кире Лазаров одиграа одличен натпревар и сосема заслужено славеа на крајот. Ова е убав момент по двата тешки порази од фаворитите Франција и Германија.

Во првиот дел клучната разлика Македонија ја направи со серија 6-0 кога поведовме со +5 (10-5), па до полувреме Швајцарија успеа само да намали само еден гол од негативата.

Во вториот дел Швајцарија постепено ја топеше предноста, а по исклучувањето на Џонов направи комплетен приклучок. Во самиот фиши и го свртеа резултатот, поведоа со +1 (26-27) имаа и можност за +2 но Кизиќ одбрани пенал.

Следуваше драматичен финиш со среќен крај за Македонија откако Јагуриноски прво реализираше контра а Митев стави точка на победата.

Марко Митев и Ненад Костески со по пет гола беа први имиња во нашиот национален тим, додека Томовски на голот беше одличен и собра 14 одбрани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО