Андре Онана, понижен како никогаш досега во кариерата, се подготвува за последното збогум

Натпреварувањето кое клубовите дефинитивно го мразат е Африканскиот куп на нации, а причината е што сред сезона остануваат без своите африкански фудбалери.

Еден од фудбалерите кои заминаа на ова натпреварување е голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, кој требаше да брани за репрезентацијата на Камерун.

Сепак, она што му се случи на Онана беше означено како најголемо понижување во неговата кариера. Имено, Онан доживеал неверојатни работи за само 24 часа, но на крајот од целата приказна излезе како „лузер“.

Онана одигра натпревар за својот Манчестер Јунајтед против Спарс, а тој натпревар заврши нерешено 2:2.

Веднаш по натпреварот тој замина на аеродромот за да замине кон Брегот на Слоновата Коска, каде неговиот тим ќе игра следниот ден.

Но сите летови доцнеа, а причината беа многу лошите временски услови. Голманот на Манчестер Јунајтед не се предаде, и ги истражи сите можни опции за што поскоро да стигне во таборот на репрезентацијата.

Па 240 километри решил да помине и со автомобил, се со цел да пристигне навреме за натпреварот.

Кога пристигна, беше во шок бидејќи сфати дека воопшто не е во протоколот за играта на својата репрезентација.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО