Aриведерчи Ѓоковиќ: Синер во луд меч го сруши српскиот ас за финале во Мелбурн

Во фантастичен натпревар, италијанскиот тенисер Јаник Синер, успеа да го сруши големиот ривал и тениски рекет број1, Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето со резултат 3:1 и да се пласира во големото финале, каде ќе го чека за ривал подобриот од мечот помеѓу Медведев и Зверев.

Ова може да се смета и за сензационален резултат, бидејки по елиминацијата на Карлос Алкараз, Новак Ѓоковиќ важеше за изразен фаворит, но на хартија не секогаш добива подобро пласираниот.

Се почна со двата фуриозни сетови на Синер, кога го доби српскиот тенисер со 6:1, 6:2. Третиот сет беше интензивен и од двете страни, се играше дури и до тај-брејк, каде Синер имаше меч топка, но не ја искористи, па веднаш во следниот сет, Ѓоковиќ доби сет топка и се врати во резултатска неизвесност на 2:1.

Четвртиот сет исто така се играше сет за сет, но во четвртиот гел, Синер побегна на 3:1 и потоа се закомплицираа работите за Новак Ѓоковиќ. Италијанецот четвртиот сет го доби со 6:3 и се пласира во своето прво големо, гренд слем финале.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО