Белгискиот рекордер се повлече од репрезентацијата

Јан Вертонген, 37-годишниот фудбалер на Белгија, му кажа збогум на националниот дрес. Тоа го потврди и преку социјалните мрежи.

– На сите од прв до последен, ви благодарам за спомените, го живеев мојот сон, објави Вертонген.

Вертонген кој настапува за Андерлехт, е рекордер на Белгија според бројот на настапи, 157. Тој има дадено и 10 гола, а постигна автогол и беше трагичар во поразот од Франција (0:1) во осминафиналето на ЕП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО