Барселона скоро сигурно загуби двајца важни играчи: Не изгледа добро, тажни сме

Барселона синоќа на „Сан Мамеш“ успеа да освои само бод против домаќинот Атлетик Билбао (0:0).

Со евентуална победа, Барселона ќе допреше до втората позиција, откако Џирона претходно беше поразен на гостувањето кај Мајорка.

Имаше голема битка во Баскија, но мрежите на голманите мируваа, па беа бодовите поделеи. Барселона во првиот дел остана без двајца важни играчи, Френки де Јонг и Педри.

Доколку се потврди дека станува збор за потешки повреди, тоа ќе биде сериозен проблем за Чави Ернандез во остатокот од сезоната.

Токму сега, месец март се клучните натпревари за секоја екипа во Европа, а несомнено дека без овие двајца, на Барселона и претстои тежок период доколку не се опорават бргу.

– Повредите на двајцата засега не изгледаат добро, веројатно се нешто потешки, бидејки чувствувам дека ќе бидеме без нив следниот период, порача Ернандез.

Во следното коло, Барселона ја дочекува Мајорка, додека Билбао гостува кај Лас Палмас.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО