Фоден го откри советот кој му го дал Пеп на полувреме: Го сторив тоа и постигнав два гола

Манчестер Сити вчера успеа да го добие големото дерби против „црвените“ од Манчестер, но за такво сценарио, мораа да направат комплетен пресврт.

Изненадувачки почна натпреварот, со гол на гостите, Маркус Рашфорд упати удар од далечина и тоа атрактивно влезе во голот на домаќините. Следниот период од десетина минути беше потполно во режија на гостите, имаа уште 2-3 неверојатни шанси, но сепак, резултатот остана непроменет, а тоа беше шансата за Манчестер Сити.

На крајот Сити постигна три гола и направи пресврт за исклучително важни три бода, а еден од хероите на домаќините, Фил Фоден, откри што било пресудно што му го советувал Пеп Гвардиола, со цел да дојдат до голови во вториот дел.

– Да, имаше одреден совет на полувреме од тренерот, ми рече дека треба да ги замениме страните со Бернардо Силва, тоа и го сторивме, набрзо потоа успеав да постигнам гол. Прво за 1:1 во 56. минута, а потоа во самиот финиш за 2:1. Пеп знаеше што е добро, го послушав и тоа на крајот се исплатеше, порача Фил Фоден.

Фил Фоден се очекува да има една од клучните улоги до крајот на сезоната за Манчестер Сити, заедно со Кевин Де Бруин и Ерлинг Халанд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО