Мајорка ја победи Џирона

Фудбалерите на Мајорка забележаа минимална победа во дуелот со Џирона, одигран во 27.коло во Примера.

Мајорка, минатиот вторник успеа да се пласира во финалето, во Купот на Кралот, а вечерва славеше над второпласираната екипа во првенството.

Во натпревар без многу шанси, пресуди голот на Копете во 33.минута. Стоперот на Мајорка по еден карамбол во шеснаесетникот на Џирона, се најде сам пред Газанига и ја закова топката во голот.

Мајорка со оваа победа стигна до 15. место и е на осум бода од опасната зона. Џирона останува втора со седум бода помалку од Реал, но Барселона ќе може да ги престигне доколку го победи Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“.

Во следното коло Мајрока ќе игра против Барселона, додека Џирона ја пречекува Осасуна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО