Ноќеска репрезентацијата на Колумбија го победи Уругвај (1:0) во полуфиналниот натпревар на Копа Америка. Колумбискиот репрезентативец, играчот од средниот ред, Хамес Родригез асистентираше за единствениот гол на натпреварот и постави рекорд на Копа Америка по бројот на асистенции – 6.
Родригез (32) чија моментална вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 3,5 милиони евра лани летото се пресели во бразилскиот Сао Паоло како слободен играч и има договор до јули 2025 година.
Репрезентацијата на Колумбија во финалето ќе игра против Аргентина, во понеделник, рано наутро (од 2 часот) во Мајами,