Ѓоковиќ може да го загуби првото место на АТП листата!

Србинот, Новак Ѓоковиќ, 24-кратниот грен слем шампион ќе го загуби првото место на АТП листата доколку не се пласира во финалето на Ролан Гарос, од Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ минатата година го освои Отвореното првенство на Франција и сега има 2.000 поени за одбрана. Вториот светски рекет Синер настапот на Ролан Гарос 2023 го заврши во второто коло, губејќи од германскиот тенисер. Даниел Алтмаер.

Според тоа, Италијанецот и да загуби во првото коло на турнирот во Париз, ќе загуби само 10 бода. Ѓоковиќ моментално води во однос на Синер со 1.090 поени, а доколку не стигне до финалето на Ролан Гарос ќе загуби 1.280.

Во тој случај, Синер ќе биде пред Ѓоковиќ, дури и ако загуби во првото коло на турнирот. Ѓоковиќ (36) го држи рекордот на АТП според бројот на недели минати како светски рекет број еден – 424.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО