Барселона експресно го контактираше Рубио

Шпанска Барселона експресно го контактираше Рики Рубио, откако тој објави дека го раскинал НБА договорот со Кливленд Кавалирс.

Според шпанските медиуми, Барса директно го контактирала Рубио преку својот директор Хуан Карлос Наваро.

Рубио најави дека наскоро ќе одлучи дали кариерата ќе ја продолжи надвор од НБА или целосно ќе ја заврши.

Барса најверојатно ќе мора да бара нов плејмејкер на лето бидејќи Литванецот Рокас Јокубаитис би можел да се испроба во НБА.

Тренерот на Барса, Роџер Гримao, ја освои Евролигата како соиграч на младиот Рубио.

Рубио беше избран со петтиот пик на драфтот во 2009 година од Минесота, каде ги помина првите шест години од својата НБА кариера, почнувајќи од 2011 година, пред да игра за Јута, Феникс и Кливленд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО