Aцо Петровиќ ја презеде репрезентацијата што веќе ја водеше

Александар Петровиќ, 65-годишниот поранешен селектор на хрватската кошаркарска репрезентација, повторно го презеде Бразил, објави кошаркарски сојуз на таа земја на интернет страницата.

Петровиќ се враќа на селекторската функција на Бразил каде што претходно работеше од 2017 до 2021 година. Тој ќе го предводи тимот на Бразил во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз летово.

– Среќен сум и горд што се враќам на селекторската позиција на Бразил. Сега треба целосно да се фокусираме на квалификацискиот турнир и да си обезбедиме местото на Игрите во Париз, изјави Петровиќ.

Бразил од 2 до 7 јули ќе игра на квалификацискиот турнир во групата со Црна Гора и со Камерун. Во втората група се Летонија, Грузија и Филипини.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО