ЕП бокс: Рустемовски поразен, Исени го победи Гркот Цамалидис

Вчера во Белград почна Европското првенство (ЕП) во бокс, а уште на првиот ден настапија и тројца македонски боксери. Еден од главните македонски адути, Ален Рустемовски беше поразен уште во првиот меч, во категоријата до 57 кгр, од големиот фаворит, Турчинот Мехметан кој славеше со 5:0.

Одличен почеток имаше Арјан Исени, кој во категоријата до 80 кгр, во воведната борба, го победи Гркот Цамалидис со 3:2. Во второто коло утре, Исени ќе боксува против Ерменецот Ховхансијан.

Вчера требаше да настапи и Дион Лена, но тој не се појави во рингот на мечот со Литванецот Лаверновас, кој без борба обезбеди пласман во следното коло, во категоријата до 63,5 кгр. На ЕП настапуваат 337 боксери од 34 земји.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО