Еве кој е прогласен за играч на натпреварот

ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови. Каи Хаверц постигна гол во 6-тата минута за Арсенал, додека Усман Дембеле постигна гол од пенал за ПСЖ во 65-тата минута.

Експертскиот панел на УЕФА го прогласи најдобриот играч на натпреварот по финалето. Витиња, португалскиот играч за врска на ПСЖ, ја доби наградата. Витиња беше на теренот до почетокот на второто продолжение и ја водеше играта на европските шампиони. Имаше дури 141 точни додавања од 150 обиди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО