Трансферот на Мбапе во Реал е завршена работа, договорена е и платата

Килијан Мбапе ја заврши мисијата во ПСЖ и прашање е само на време е кога ќе замине во Реал Мадрид. За тоа повеќе нема дилеми, пишува познатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо.

– Мбапе е презадоволен од разговорите што ги имаше со Реал. Сега само прашање на време е кога ќе заврши сагата, напиша Романо.

Мбапе ќе замине во Реал кога ќе му истече договорот со ПСЖ, Французите не успеаја да го задржат. „Марка“ претходно објави дека Мбапе ќе потпише петгодишен договор.

Мбапе ќе биде најплатен играч во тимот, но не многу повеќе од другите. Ќе заработува 20 милиони по сезона, а голем дел од парите се од маркетиншките права.

Тоа пак значи дека ќе заработува речиси четирипати помалку отколку во ПСЖ каде што во последните две години заработуваше 72 милиони евра по сезона!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО