Атлетико Мадрид преговара за потписот на голманот на ПСВ Ајндховен, Аргентинецот Валтер Бенитез. „Јорганџиите“ веќе доставиле и конкретна понуда за 31-годишниот чувар на мрежата, но засега не се споменува сумата што Шпанците му ја понудиле на холандскиот клуб.
Минатата сезона, Бенитез имаше голем придонес во освојувањето на титулата на ПСВ во Холандија. Во летото 2022 година, тој дојде во ПСВ како слободен играч, а моментално е со репрезентацијата на Аргентина на Копа Америка во САД.