Јоро е блиску до трансфер на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид е се’ поблиску до реализација на трансферот на Лени Јоро од Лил. Како што пишуваат изворите од двете земји, клубовите добро напредуваат во преговорите за трансфер на 18-годишниот дефанзивец. Зделката би можела да изнњсува околу 40 милиони евра, без бонуси.

Се очекува „кралскиот клуб“ да му понуди договор на шест години. Тој пак е подготвен да му се приклучи на Реал Мадрид следното лето како слободен играч, доколку пропадне трансферот годинава.

Претходно беше објавено дека за играчот се заинтересирани Ливерпул, Манчестер јунајтед и ПСЖ, но Јоро претпочита да се пресели во Мадрид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО