Остри реакции за одбојкарот – педофил што ќе биде дел од ЛОИ?

Мрежата за спортисти „Алијанса за безбедни спортови“ побара од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) да го исклучи холандскиот одбојкар, Стивен ван де Велде од листата на учесници на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

– На спортист осуден за сексуална злоупотреба на деца, во која било земја, не треба да му се даде можност да се натпреварува на Олимписките игри, изјави извршната директорка на Алијансата, Џули Ен Риверс-Кокран.

Во 2014 година, ван де Велде, кој настапува во одбојка на плажа, е осуден на четири години затвор поради силување малолетничка.

Дел од затворската казна тој ја одлежал во Англија каде што го сторил делото, а потоа бил префрлен во Холандија, каде што е ослободен и вратен во спортот во 2017 година.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО