Артета знае што следува на Емирати

Арсенал забележа пораз на гостувањето кај Порто со 1:0, па се останува отворено за реваншот, каде ќе мора да бидат далеку подобри и опасни по противничкиот гол.

По натпреварот, видно разочараниот Микел Артета, ги сподели со јавноста своите видувања од натпреварот и долови што им недостасувало на оваа средба.

– Очигледно мора подобро да ги контролираме работите. Едноставно не беше добро како ја контролиравме топката во одредени моменти. Не бевме доволно опасни по голот на противникот, немавме опасни шанси со кои ќе го загрозевме Порто.

Го познаваме добро противникот, сега ни следува реванш, на кој мора да бидеме подобри. Посакувам четврфинале, но за таа намена, мора да го добиете ривалот, а тоа е нештото кое ќе се обидеме да го направиме на Емирати, порача Артета.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО