Арсенал триумфално на гостувањето кај Волвс за провизорна лидерска позиција

Арсенал со победата вечерва на гостувањето кај Волверхемптон, е повторно провизорен лидер во првенството (0:2).

Во натпреварот од 34. коло, на „топчиите“ им следуваше гостување кај Волверхемптон, каде рутински одработија триумф за лидерска позиција. Со оваа победа Арсенал е прв со 74 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити, кој има и натпревар помалку.

Стрелци за Арсенал беа Леонардо Тросард во самиот финиш од првиот дел, додека победата ја обезбеди Мартин Одегаард во петтата минута од судиското надополнување.

Со ова Арсенал практично најави останување во битката за титулата до самиот крај, а следното коло го дочекуваат Челси во дербито за Лондон, додека 11. пласираниот Волверхемптон ќе го угости Борнмаут.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО