Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Арда Гулер минатото лето пристигна во Реал од Фенербахче за 20 милиони евра.

На почетокот се бореше со повредите, тој заврши на 11 настапи, поминувајќи 350 минути на теренот, што беше доволно за да постигне четири гола и да придонесе за 36-та титула на Реал.

Гулер доби шанса од Карло Анчелоти да ги започне натпреварите на крајот од сезоната бидејќи Реал ја обезбеди титулата.

Се шпекулираше дека следната сезона би можел да биде позајмен во друг клуб за да стекне искуство, а шпанските медиуми тврдат дека Арсенал испратил понуда од 45 милиони евра за откуп на неговиот договор.

-Арда сигурно ќе биде таму следната сезона – изјави Анчелоти, отфрлајќи секаква можност за продажба на Турчинот. Многу ми се допаѓа како играч. Сите знаеме дека е врвен и талентиран. Тој е малку ограничен во играта без топка. Таму мора да напредува и тоа го прави – додаде италијанскиот стручњак.

По завршувањето на сезоната, Арда Гулер ќе им се придружи на колегите од турската репрезентација кои ќе настапат на Европското првенство во Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО