Вардар не дозволи по вторпат да биде изненаден од Тиквеш

Екипата на Вардар успеа да слави во натпреварот против Тиквеш со 29:25 во рамките од 10. коло во ракометната Суперлига.

За Вардар ова беше седма победа во низа, а со неа и му се одмаздија на денешниот противник за поразот од пред два месеци во Кавадарци кој може скапо да ги чини во битката за титулата. Имаше Вардар проблеми, но успеа да ги реши и со подобра игра во вториот дел да дојде до победа.

Вардар во првиот дел константно имаше предност, прво со три разлика почнувајќи од осма минутата, а потоа водеше и со +4 на седум минути пред крајот. Тиквеш во завршницата од првиот дел го подигна нивото на игра и дојде на само минус еден.

Тесно беше и до десеттата минута од вториот дел, а тогаш Вардар при резултат 20:19 направи серија од 4:1 и поведе со 24:20. Гостите од Кавадарци немаа сили повторно да се вратат во мечот, па мораа да се помират со поразот.

Со овој триумф Вардар привремено застана на врвот на табелата со 27 бода и таму ќе остане барем до утрешното гостување на Еурофарм Пелистер против Охрид. До крајот на првенството преостануваат уште четири кола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО