Салфетката на која Меси потпиша за Барселона продадена за 760.000 фунти

Салфетата на која Лионел Меси ја потпиша согласноста дека ќе и се приклучи на Барселона во 2000 година е продадена за 760.000 фунти (околу 888.000 евра), објави во петокот британската аукциска куќа Бонамс.

Бонамс првично очекуваше продажната цена да биде во опсег од 300.000 фунти до 500.000 фунти. Онлајн аукцијата траеше од 8 до 17 мај.

– Салфетката ја промени судбината и на клубот и на Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња, објави Бонамс.

Овој фудбалски сувенири бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот менаџер на Меси. На салфетката не е само потписот на Меси, туку и потписите на Карлес Рексач, тогашниот спортски директор на Барселона и Хосеп Марија Мингела, скаутот за таленти кој го препозна потенцијалот на Меси.

Салфетката, која беше потпишана за време на ручекот во „La Reial Societat de Tennis Pompeia“ во Монжуик, содржи писмена обврска од Рексач.

-Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортски директор на ФК Барселона со ова се согласува, под негова одговорност и без разлика на какви било спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси под услов да се држиме до договорените суми, пишува на салфетката.

Меси, кој оттогаш освои голем број големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство, имаше само 13 години кога се приклучи на академијата на Барселона, откако дојде од аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО