Арсенал ќе го засилува нападот со најдобриот стрелец на Лајпциг

Напаѓачот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, даде начелна согласност летово да му се приклучи на англискиот вицешампион, Арсенал.

Весникот „Мирор“, тврди дека 21-годишниот стрелец посакува преселба на „Емирати“, во Арсенал каде што менаџерот Микел Артета сака млад напаѓач кој може да се развива и да игра во тандем со Каи Хаверц.

Шпанецот смета дека Шешко е идеалната опција за ова. Агентот на напаѓачот, Елвис Башановиќ, сезонава неколку пати во живо ги следеше натпреварите на Арсенал, што значи дека комуникацијата меѓу двете страни трае подолго време.

Според информациите, „топчиите“ ќе треба да платат околу 45 милиони фунти за словенечкиот интернационалец, кој денеска полни 21 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО