Анчелоти за Крос: Губиме многу важен играч, тоа ќе влијае на играта на Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за претстојното заминување на играчот од средниот ред, Тони Крос од мадридскиот клуб.

– Тој мисли дека е дојдено времето. Јас ја почитувам неговата одлука. Мислам дека ова ќе влијае врз играта на Реал, губиме многу важен играч. Имаме идеи како да го замениме Крос, со Чуамени, Камавинга, Валверде… Можеби ќе треба да играме малку поинаков фудбал, но не помалку успешно, изјави Анчелоти.

Крос (34) сезонава одигра 47 натпревари во сите конкуренции, постигна еден гол и имаше девет асистенции. Сезонава Реал Мадрид го освои првото место во шпанската Ла лига, а утре ќе се бори за нов трофеј, во Лигата на шампиони (ЛШ), кој би можел да биде последен за него во дресот на „кралскиот“ клуб.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО