УЕФА го објави списокот на судии за ЕП 2024 во Германија

Европската фудбалска унија (УЕФ) ги објави имињата на 18-те судии и на нивните помошници, како и на ВАР и АВАР судиите за 51. натпревар на ЕП 2024-та. Меѓу главните судии што ќе ги судат натпреварите има само еден од поранешна Југославија, Славко Винчиќ од Словенија.

Словенците имаат најмногу претставници меѓу судиите од екс-Ју просторите. Помошници на Винчиќ ќе му бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, а за ВАР-судија избран е Нед Кајтазовиќ, додека во категоријата четврти судија и резервни помошници, се Раде Обреновиќ и Јуре Прапротник.

Во последната категорија се и судиите од Босна и Херцеговина, Ирфан Пељто и Сенад Ибришимбеговиќ.

– ЕП 2024 е врв на националнит фудбал со најдобрите тимови кои ќе се натпреваруваат и затоа ги избравме најдобрите судии. Сите избрани судии правдата ја делат според највисоките стандарди на врвните натпреварувања на УЕФА, како и во домашните лиги.

Тие се исклучително добро подготвени и ние имаме целосна доверба во нив, изјави Роберто Розети, извршниот директор за судење на УЕФА.

Главни судии на ЕП се: Артур Соареш Диас (Португалија), Хесус Хил Манцано (Шпанија), Марко Гуида (Италија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлиак (Словачка), Франсоа Летексиер (Франција), Дани Макели (Холандија), Шимон Марчинјак (Полска), Халил Умут Мелер (Турција), Глен Ниберг (Шведска), Мајкл Оливер (Англија), Даниеле Орсато (Италија), Сандро Шерер (Швајцарија), Даниел Зиберт (Германија), Ентони Тејлор (Англија), Клемент Турпен (Франција), Славко Винчиќ (Словенија), Феликс Цвајер (Германија).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО