Анчелоти кажа едно, Реал Мадрид го демантира за неиграњето на Светско клупско првенство

Како што беше првично кажано, Реал Мадрид нема да го игра Светското клупско првенство, но зборовите на Карло Анчелоти ден подоцна се демантирани.

Поради отворената војна на Анчелоти со ФИФА, тој истакна дека нема да дозволи Реал да настапи на Светското клупско првенство, но Реал тоа го демантираше, веројатно под притисок на ФИФА.

Кралскиот клуб се огласи со соопштение, во кое го демантираат Карло Анчелоти дека нема да настапат на претстојното Светско клупско првенство.

Во официјалното соопштение стои дека учеството на Реал Мадрид на споменатото натпреварување, не се доведува во прашање.

– Реал Мадрид во ниту еден момент не го доведе под знак прашалник учеството на Светското клупско првенство 2024/25. Клубот ќе учествува според планот и ние сме горди што сме дел од ова натпреварување и среќни сме што ќе инпсирираме голем број наши навивачи ширум светот, во борбата за уште еден трофеј, порачаа од Реал Мадрид.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО