Без Миовски на Чешка: Ова се стартерите за втората контролка на Македонија (ФОТО)

По контролката со Хрватска (3:0), на македонската фудбалска репрезентација попладнево и претстои нов контролен натпревар, овој пат со репрезентацијата на Чешка.

Како што претходно се најавуваше, Бојан Миовски поради одредена повреда на која се пожалил, не е во составот за споменатиот натпревар.

Селекторот Благоја Милевски се реши за следните 11:

Димитриевски, Ашковски, Делковски, Зајков, Алиоски, Муслиу, Алими, Костадинов, Атанасов, Елмас, Трајковски.

Натпреварот се игра од 18 часот, на арената во Храдец Кралове.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО