Аморим во дилема помеѓу двајца играчи

Оли Воткинс од Астон Вила и Бенџамин Шешко од Лајпциг се наоѓаат на врвот од списокот со потенцијални засилувања на Манчестер Јунајтед, доколку клубот реши да донесе нов напаѓач во летниот преоден рок.

Во раководните кругови на Јунајтед постои заеднички став дека евентуални нови ангажмани мора да бидат проследени со заминувања на играчи кои не влегуваат во идните планови, процес кој можеби ќе потрае до самата завршница на трансфер-периодот на 1 септември, пренесува Би-Би-Си.

Иако Воткинс и Шешко се најпосакувани, клубот ќе се соочи со предизвици при нивното доведување. Астон Вила не планира да го продаде својот напаѓач и постави висока отштета од 60 милиони фунти – сума што Јунајтед ја смета за преголема, особено имајќи предвид дека Воткинс има важечки договор до 2028 година со клубот од „Вила Парк“.

Шешко, пак, е под лупа и на други европски гиганти, вклучително и Њукасл, кој бара замена за Александар Исак, бидејќи се шпекулира дека тој ќе го напушти „Сент Џејмсис Парк“. Словенечкиот голгетер постигна 13 погодоци во германската Бундеслига минатата сезона.

Во моментов, Расмус Хојлунд останува прва опција за нападот кај тренерот Рубен Аморим, иако во минатата сезона забележа 10 голови на 52 одиграни натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО