Маестралниот Дончиќ му донесе брејк на Далас против Минесота

Кошаркарите на Далас Маверикс, ја победија Минесота со 108:105 во првиот натпревар од финалната серија.

Лука Дончиќ повторно беше главен предводник на Далас, само во првата четвртина запиша 15 поени, што беше само најава за уште еден негов брилијантен натпревар.

Натпреварот го заврши со 33 поени, 6 скокови и 8 асистенции, заедно со три украдени топки, една блокада и четири загубени.

Го следеше одличниот Кајри Ирвинг со 30 поени, 5 скокови и четири асистенции. Во поразениот тим, најдобар беше Мек Дениелс со 24 поени.

Следниот меч се игра ноќта помеѓу петок и сабота од 02:30 по полноќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО