Сензација во Кавадарци: Тиквеш го сруши некомплетниот Вардар

Ракометарите на Тиквеш вечерва приредија сензационален резултат, добивајки го во Кавадарци на домашен терен, составот на Вардар, кој допатува некомплетен (22:20)

Вардар во составот за оваа средба ги немаше Николиќ, Петриќ и Јасухира, па тоа веднаш се почувствува во нивната игра. Згора на сето тоа, во текот на мечот им се повреди и Јагуриновски и дополнително им се усложни ситуацијата.

Првиот дел може да се каже дека беше изедначен, бидејки ниту една екипа во ниту еден момент немаше поголема предност од барем два, три гола. На полувреме домаќините заминаа со предност од 11:10.

Во вториот дел евидентна беше доминантната игра на Тиквеш, кој успеваше на моменти да се одлепи и на +2 и +3, а на Вардар беше да го следи тоа темпо и да се обиде да парира некомплетен.

Сепак на крајот, победата и бодовите остануваат во Кавадарци. Најефукасен ракометар во редовите на победникот беше Обина со седум погодоци, во таборот на Вардар Ѓукиќ постигна шест погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО