Роберто Мартинез ја напушта клупата на Португалија по елиминацијата од Светското првенство.
Нов селектор ќе биде искусниот Жорже Жезуш.
Според португалскиот спортски весник A Bola, претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, веќе го избрал неговиот наследник, искусниот Жорже Жезуш.
На прес-конференција, Роберто Мартинез потврди дека го напушта кормилото на португалската репрезентација, која ја водеше од јануари 2023 година, кога го наследи Фернандо Сантош по Светското првенство во Катар.
„Ова е крај на еден циклус. Сега е важно репрезентацијата да добие нов селектор и сосема е легитимно претседателот да го избере човекот во кој има доверба.
Им благодарам на сите за поддршката што ја добив“, изјави Мартинез.
Според информациите на „A Bola“, 71-годишниот Жорже Жезуш ќе ја преземе репрезентацијата во циклусот за Европското првенство 2028 и Светското првенство 2030.
Португалија ќе биде еден од домаќините на Мундијалот во 2030 година, заедно со Шпанија и Мароко. Жорже Жезуш во моментов е без ангажман, откако на крајот од минатата сезона се раздели со Ал Наср